Посна палачинка без масло

Кога идат постите тоа ми е најтешкиот период кога треба да изберам храна без масло. Но мојот мозок толку добро функционира што секогаш кога ќе помислам на храна без масло или веганска храна во глава ми идат секакви идеи.

Книга Смути- Канцер 1:0
Е-книга "Смути-Канцер 1:0"

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 лажица ленено семе
  • 60 гр овесни снегулки

Потребни состојки за чоколаден крем:

  • 1/2 банана
  • 5 свежи урми
  • 2 лажици какао

Начин на подготовка:

  • Бананата заедно со сите семиња и овесните снегулки се блендираат.
  • Смесата која е формирана се става на хартија за печење
  • Печиме 20 минути на 160 C.
  • Мачкаме со протеинскиот крем кој го правите од сите дадени состојки споени во блендер.
  • Додадете за декорација лешник и чипс од кокос

Уживајте!

Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *