Ммммммм… искрено немам зборови кога станува збор за ваков појадок.
Ем сит, ем фит.
Овие солени мафини се прекрасен додаток на вашата кутија за ручек или дури и здрава ужина. Мафините со ајвар и семки се нешто ново за да се проба. Рецептот е исто така многу лесен за следење со само три чекори и 25 минути време за печење.
Брзи мафини со пченкарно брашно, семиња и ајвар е таа омилена комбинација за појадок.
Од оваа смеса излегуваат 12 мафини и тоа во калап за поголеми мафинки.
Појадок за цело семејство за 5 мин. без времето за печење.
Ставаш се во едно, мешаш и печиш, толку се е брзо и вкусно.
Потребни состојки:
- 1 лажица семки од сончоглед
- 1 лажица семки од тиква
- 5 гр.пециво
- 3 полни лажици пченкарно брашно
- 3 лажици свежи сир или урда
- 100 мл. Јогурт
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- Сите состојки заедно се ставаат во длабок сад
- Се мешаат да се соединат
- Се намрсува калапот за мафини со маслиново
- Се става од сместа, не ги полнете до горе
- Се печи на 180 Ц околу 25 мин, 5 мин пред крај уклучете вентилатор ако имате на рерната за покрцкави однадвор да бидат.
- Уживајте и послужете со додаток од ајвар и павлака
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.














