Пред да започниме со приготвување на тиквиците треба да знаете колку се корисни и зошто често ги има на мојата трпеза.
Тиквичките содржат различни витамини, минерали и корисни растителни соединенија. Варените тиквички се особено богати со витамин А, иако сировата тиквичка содржи малку помалку.
Тиквичките можат да се пофалат со неколку антиоксиданси кои можат да обезбедат различни здравствени придобивки. Највисоките нивоа се наоѓаат во кората на тиквицата.
Тиквичките се богати со вода и растителни влакна, две соединенија кои можат да промовираат здраво варење со намалување на ризикот од запек и симптоми на разни цревни нарушувања.
Тиквичките ги обожавам и секогаш се трудам да ги приготвам на различен начин.
Сакав да бидат крцкави но да не бидт во брашно, да можам да ги јадам со намаз.
Потребни состојки:
- 1 тиквица
- 100 гр. корнфлекс
- 3 јајца
- маслинново масло
- сол
Начин на подготовка:
Најпрво искршете го корнфлексот, јас тоа го направив во мојот сецко само со неколку мали вртежи
Тиквичката ја исеков на тенки парчиња
Јајцата ги изматив само со сол
Секое тенко парче го ставав во јајце и потоа во кршениот корнфлекс
Ги редев на плех обложен со хартија за печење
Печев 20 минути со вентилатор на 220 Ц, или додека да поруменат.
Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.