Верувам дека многу ќе ви се допадни овој рецеп и често ќе го приготвувате бидејќи внесувате протеини и преку лебот кој ќе го јадите. Ем сити, ем балансиран оброк добивате со ова бургерче.
Потребни состојки:
- 35 гр. овесни снегулки
- 35 гр. ленено семе
- 35 гр. лупен сончоглед
- 60 гр. пченкарно брашно
- 1 јајце
- 2 гр. пецио
- 35 мл. кисела вода
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ги ставате сите состојки
- Ги мешате да се соединат
- Обложив метални капачиња од телги со хартија за печење и префрлав од смесата за да останат така како бургери
- Ги печев на 220 Ц околу , 20 минути.
- Уживајте!
Погледни го reel-от на инстаграм на кој е прикажана постапката!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.