Кремасто, вкусно, протеинско! Домашно готвење на протеински крем – мојата тајна за успешен и здрав ден!
Потребни состојки:
- 300 гр. лешници
- 10 зрна стевиа
- 5 лажици какао
- 50 гр. протеин од соја
- 1 мала лажица кокосово масло
Начин на подготовка:
- Во загреана тава на оган ги ставате лешниците да се потпечат
- Од како ќе се изладат ги ставате во процесор за да се направи путер од лешник
- Во веќе подготвениот путер додавате стевиа, какао, протеин и кокосово масло
- Сите состојки заедно ги соединувате
- Оставете во фрижидер 20 минути да се стврдни смесата
- Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.