Свежа салата со крцкаво тофу

Мојата крцкава тофу свежа салата е патека кон здрав живот и вкусна радост. Вреди да се проба.

Потребни состојки:

  • 400 гр. тофу сирење
  • 3 лажици маслиново масло за готвење и пржење од Витаминка
  • 2 лажици маслиново масло ладно цедено од Витаминка
  • 1 лажица куркума од Витаминка
  • 2 лажици зачин за скара од Витаминка
  • 1 лажица зачин за помфрит од Витаминка
  • Свежа зелена салата
  • 1 лажица густин

Начин на подготовка:

  • Насечкај го тофу сирењето на коцки
  • Додади една лажица густин и добро измешај го
  • Стави го тофу сирењето во тава за печење обложена со хартија за печење
  • Додади куркума, зачин за скара и зачин за помфрит од Витаминка
  • Измасирај го сирењето со раце и стави го да се пече на 180 Ц околу 20 минути
  • На последните 5 минути вклучи вентилатор
  • Насечкај свежа зелена салата, додади сол, маслиново масло ладно цедено од Витаминка, свежо цеден лимон и една лажица лимета од Витаминка
  • Измасирај ја салатата нежно со раце за да го впија сосот
  • Додади го веќе испеченото и крцаково тофу сирење
Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *