Ова тортиља ја приготвувам во секое време од денот. Кога сум во брзање, кога немам многу време за да си подготвам ручек ја земам и оваа алтернатива за ручек.
Брза и лесна постапка.
Потребни состојки:
- Тортиља
- 1 лажица ајвар
- 50 гр. зреена моцарела
- 1 јајце
- 1 мала лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во загреано тавче на оган ставате маслиново масло
- Ја ставате тортиљата и ја намалувате температурата
- Редите врз тортиљата сецкана моцарела и лажица ајвар
- Поклопувате со капак додека не се стопи моцарелата
- Кршите едно јајце
- Ги превиткувате полека краевите и поклопувате со капак
- Уживајте во вкусот!
Погледнете го видеото!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.



