

Состојки :
- 500 гр Готови кори за пита
- 1 кг јаболка
- 3 лажици. гриз
- 3 лажици. Шеќер
- 100 гр . ореви
- 10 гр . ванилин шеќер
- 5 гр . цимет
- 50 мл . минерална вода
- 50 мл . Масло за готвење
- 5 гр . прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Се лупи кората од јаболката и се рендаат .
- Врз ренданите јаболка се додава гриз , шеќер , ореви , ванилин шеќер , цимет и сето заедно се меша .
- Во чаша се става водата , маслото и прашокот за пециво .
- Земаме една кора и врз неа мачкаме со четка од растворот со вода
- ставаме уште една врз неа исто така премачкуваме и врз неа додаваме ос готовата смеса со јаболка само врз средниот дел од кората
- Врз смесата ставаме уште една кора и виткаме по ќошеви прво па потоа во ролна .
- Ги сечиме во димензија од 30 -40 см по желба .
- -Печете на 180 ℃ 20 минути
- Додадете шеќер во прав од како ќе изладат .
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.