Често размислуваме како да направиме нешто вкусно а воедно да биди и посно ( веге ) . Кога мислиме на бургер во главата ни се вртат сочни мисли , си викаме леле плескавица ама да е без месо .
Ние ви приготвивме вкусни посни ( ВЕГЕ ) плескавици .
Состојки :
1 главица црвен кромид
1 главица бел кромид
1 лажица мала сол
1/2 лажица мала копар
1 лажица мала црвен пипер
1/2 лажица мала куркума
1/2 лажица мала чили
1 лажица мала буковец
1 лажица мала вегета зачин
1/2 лажица мала бибер
1 мала лажица оригано
1/2 мала лажица босилок
5 гр . ким
1 китка магдонос
150 гр . овесни снегулки
150 гр . киснат наут или од конзерва
150 гр . црвен грав
200 гр . сварена киноа
50 мл. маслиново масло
Горе наведените состојки се бледираат додека не се соедини смесата . Од како ќе се соедини се остава да одмори 15 мин . во фрижидер да се стегни . После 15 мин се формираат плескавици и се печат на 180Ц 25-30 мин . Последните 5 мин се печат со уклучен вентилатор на рерната .
Од оваа смеса излегуваат околу 13 средни плескавици .
Уживајте во вкусот на посна плескавица .
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.