Како што кажав сите ние си имаме своја приказна зошто вегетаријанска исхрана па решив да ви ја раскажам јас мојата .
Сведоштво 1/2
Ќе се надоврзам на текстот како го победив ракот.
Има многу прашања кога ќе се соочиш со оваа подмолна болест, првото што ни иди на памет е зошто баш ние сме тие личности .
И покрај внимавањето на храна , здрава исхрана , овошје, зеленчук, овес , слабо консумирање на месо сепак не ме прескокна оваа подмолна болест.
И покрај тоа што не сум имала во животот подобра крвна слика пред да направам детални испитувања јас го имав во мене ракот.
Како секој така и јас не поминав баш најдобро во борбата, а и самите хемотерапии ме уништуваа.
За да го зајакнам имунитетот најпрво му се молев на Бога да ми дај сила , а потоа секојдневните ритуали.
Секое утро пијав на гладен желудник сода бикарбона со лимон по една чаша, па следуваше цеден сок од цвекло , морков , лимон , портокал , јаболко .
Мешан мед со семе од коприва и аронија .
Па се откако ќе го испијав се прскав со масло од горка кајсија , Откако ќе поминеше еден час грицкав какао во зрно или повторно си правев смуди со аронија , јагоди , малини , банана , горка диња , па додавав семиња од чиа , ленено , семки од горка кајсија и неколку какао зрна .
Одкако ќе се завршеше и овај ритуал пијав капсули од црно семе и магнезиум .
Од исхраната го исфрлив целосно месото и станав Вегетарианец.
Но сепак млеко и млечни производи гледав да консумирам од оние без лактоза .
Исхраната си го направи своето . Редуцирани оброци богати со витамини , минерали , протени од растително потекло ми помогнаа да закрепувам полека .
Промената на храната ме промени и мене целосно , почнав да се едуцирам која храна со што , што за појадок , што ручек , но издржав.
Оваа храна не би ја сменила за ништо на светот .
Сепак мислам да не беше подршаката од најблиските а посебно од мојот сопруг јас немаше да успеам .
Бидете храбри и силни ние можиме многу повеќе .
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.