Поминато патешествие од рак на дојка

Бев преплашена кога ми го кажаа имаш тумур. Како таванот да ми падна на глава.
Избезумена заминав од кај докторот незнаев колку е ризично.
Заминав дома му кажав на сопругот дека имам тумур, но сеуште не знаеме каков е… Двајцата во недоумица, почнавме да бараме контакти од сите доктори кои ги познававме за да закажиме повторен преглед за рак на дојка.

Закажавме преглед ехо на дојка ,мамографија и биопсија.
Докторот како што можеше да забележи од ехо снимката и од мамографијата не разубеди дека не станува збор за рак на дојка , односно се работи за бениген тумур кој можел да настани кај секого и дека не е од “Лошио”,ама резултатите од биопсијата ќе потврдат дали е тоа така .
Со нетрпение го чекавме резултатот од биопсијата и покрај тоа што докторот некако не смири дека не е рак .
Понеделнички само што ни почна неделата се јавува докторот кај мене, јас на работа и само ми соопштува дека станува збор за Рак на дојка , резултот ќе го испрател по пошта.
Сопругот немаше трпение за да се чека резултатот по пошта замина уште истиот момент кога му соопштив да се види со докторот.

Незнам како издржав на работа , само се прашував што понатаму…
Еднствено што ми идеше на памет е дека ќе ја изгубам косата, градата или пак дека можеби нема да можам да се изборам со оваа подмолна болест.

Бев преплашена од самото што следува , но и храбра во истиот момент.
Го прифатив сето ова како обичен вирус кој мора да помини период за да се излечам .
Најмногу што се плашев како ќе му соопштам на моите најблиски , како тие сето ова ќе го поднесат .
Собравме храбост и му соопштивме на нашите родители .

Беше голем шок . Сепак продолживме по патот кој мораше да го изодиме ,за кој немавме друг избор.
Тргнавме да правиме сеуште анализи како што не советуваа онколози и хирурзи .
Сепак Господ ни го покажа патот, кога се сретнавме со наш близок доктор кој ни рече не си сеуште ти за кај хирург ти со оваа прогноза си на онколог . Ракот не беше раширен , беше во капсула во самата града , немаше ни под лимфните јазли.

Тоа беше добар знак.

Се најдовме со онкологот кој ми даде 8 хемотерапии од самиот почеток , рече ќе се третира како “сендвич “терапија .

Почна првата терапија со боцкање во рака, со 5 шишенца системи кои требаше да истечат низ моите вени . Отровот како што течеше низ моите вени предизвикуваше болка низ вените. Првите 4 хемотерапии траеа по час и половина и после секоја помината терапија јас 15 дена не бев добра , имав гадење , омалаксаност .Одма после првата терапија ми падна косата и благодарение на периката  не чувствував промена на ликот на мојата глава.Преку периката лицето ми беше истото, а јас непаднав во депресија заради загубата на косата. Бидејќи да изгубиш дел од тебе е нешто страно , а уште пострашно е да се гледаш секој ден во огледало и да не си ти . Но со самото примање на терапиите се повеќе опаѓав но докторите не веруваат во алтернативна медицина и затоа никој за ништо не не посоветува. Почнавме сами да бараме начин да го накревам имунитетот за да можам да ги издржам и останатите терапии . Борбата со ракот беше макотрпна .

Ги поминав сите осум хемотерапии стаса време и за операција .

На магнетот кој го правев немаше апсолутно ништо за вадење, тумурот го немаше.
Докторот беше вчудоневиден , што дури и се пазаравме за вадењето на градата.
Кога виде дека неможам да поднесам да ми се извади цела града бидејќи не се гледал тумурот , ми рече да направам уште неколку испитувања за да можи да види кај било лежиштето и да се исчисти само тој дел каде што стоел тумурот.

Се извади само тој дел градата ми остана а јас се излечив од рак на дојка .
Го победив ракот , немаше уште хемотерапии како што спомна онкологот бидејќи и тој можеби не се надеваше дека се ќе исчезни , ми даде само хормонска терапија.

Среќно на сите при борбата со ракот ,и само верба во Бог и во самите себе ќе ве спаси од таа подмолна болест.

Сподели со пријателите!

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading