Солена торта со домашни палачинки
Потребни состојки за палачинки:
- 250 грама брашно
- ½ литар млеко
- ¼ литар кисела вода
- 3 јајца
- 2 големи лажици масло
- Прстофат
- сол
Потребни состојки за фил :
- 7 варени јајца
- 7 варени компири
- 250 гр. грашок
- 200 гр. сирење рендано
- 100 гр. кашкавал рендан
- 200 гр. мајонез
- 400 гр. кисела павлака
- 200 гр. кисели краставици
- 1 лажица мала сол
- бибер
Во сад изматете ги јајцата заедно со млекото и киселата вода. Од кога се убаво ќе биде изматено, додајте ги маслото и солтта.
Откако ќе го подготвите тестото, оставете го да “одмори” 15-тина минути во фрижидер за да може смесата убаво да се соедини.
Во тавче за палачинки, на висок оган ставете од тестото за палачинки, колку да се покрие дното на тавчето (2 до 3 милиметри), и пржете ја палачинката околку 1-2 минути од едната страна. Потоа превртете ја палачинката од другата страна, за да може тестото за палачинки убаво да се испечи.
Во друг сад го подготвуваме филот за да можиме да ги филоваме.
Јајцата,компирите,сирењето,кашкавалот ги рендаме.
Додека киселите краставички ги сецкаме на мали коцки.
Во длабок сад ги ставаме сите состојки рендани и сецкани заедно со мајонезот и киселата павлака и мешаме се до соединување на смесата.
Земаме од веќе направените палачинки една и ја мачкаме со смесата , врз неа редиме друга палачинка и истата постапка се повторува се до трошење на филот со палачинки.
Формираме торта со редење на палачинките.
Уживајте во вкусот
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.