Баунти тортата ќе ве остави без здив , често ја правиме во нашиот дом , лесен и едноставен рецепт.
Состојки :
- 80 гр прашак за пудинг од ванила
- 500 мл. млеко свежо
- 8 лажици шеќер
- 750 мл. слатка павлака
- 600 гр. плазма бисквити
- 100 гр . маргарин за готвење
- 3 лажици полни еурокрем бел (лешник)
- 100 мл вода
- 100 гр. чипс од кокос
- 50 гр. кокос
Начин на подготовка :
Во тенџере на оган го подготвуваме пудингот со 500 мл. млеко и 6 лажици шеќер.
Во друг сад ја миксираме слатката павлака додека не згусне.
Приготвениот пудинг го оставаме да излади. Откако ќе излади го соединуваме со слатката павлака и кокосот.
Во друго мало тенџерче на оган ставаме вода и 2 лажици шеќер заедно со маргаринот да се направи лесен шербет за да ги споиме во веќе мелените плазма бисквити.
Во истата смеса со бисквити ставаме и 50 мл. течна слатка павлака.
Во калап со отварач ја редиме смесата на хартија за печење и ја распоредуваме низ цел калап подеднакво. Врз смесата со плазма бисквити го додаваме соединетиот фил од слатка павлака и пудинг .
Украсуваме со чипс од кокос
Уживајте во вкусот
- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
- Мојата приказна за битката со ракот на дојка и благословот да станам мајка
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.