Пицата е италијанско јадење кое се состои од обично заоблена, зарамнета основа на квасено тесто на пченица, преполнето со домати, сирење и често разни други состојки, кое потоа се пече на висока температура, традиционално во рерна на дрва. Мала пица понекогаш се нарекува пицета. Ама јас не сум јас ако не се обидам да направам и здрава верзија на пица. Затоа за сите вас кои внимавате што јадете, а сте љубители на пица ви го споделувам рецептов на здравата верзија.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 лажица мала оригано
  • 50 гр. моцарела
  • 1 домат
  • сол

Начин на подготовка:

  • Ги кршиме јајцата во длабок сад
  • Ги матиме и додаваме постепено сол, оригано и половина моцарела рендана
  • На загреан нелеплив тефлон со малку маслиново масло ги ставаме матените јајца и ги печиме на ниска температура поклопени со капак околу 7-8 минути.
  • Кога се при крај ја додаваме и останата моцарела и малку оригано.
  • Печиме уште неколку секунди со капак
  • Ги тргаме од оган и ги сервираме со домат на сечен на парченца
  • Уживајте!
Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *