Рецептов ми го сподели една моја драга пријателка која често ја приготвувала оваа салата со печено цвекло.
Потребни состојки:
- 200 гр. цвекло
- 1 чешне лук
- 1 лажица оригано
- 1/2 лажица босилок
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица црвена киселина
- 1 лажица печен сусам
Начин на подготовка:
- Во тава обложена со хартија за печење го редиме веќе излупеното и исецкано цвекло
- Врз круговите цвекло ставаме од зачините и лук
- Попрскуваме со една лажица маслиново масло
- Печиме во рерна на 170 C 20-25 минути.
- Од како ќе бидат печени ги ставаме во чинија
- Додаваме киселина, масло и сол
- Јас додадов печен сусам и неколку топчина моцарела за декорација но можи и без неа.
- Уживајте во вкусот!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.