Сите го обожаваме вкусот на домашно приготвена бајадера, па зошто да не биди по најдобар здрав рецепт.

Само за вас нашиот нутриционист Ена го сподели овој рецепт за домашна здрава бајадера.

Состојки:

  • 200мл кокосово млеко
  • 120г овесни снегулки
  • 100г ореви
  • 120г црно чоколадо 85% какао
  • 1 лажица мед или агаве сируп
  • 1 лажица кокосово масло

Начин на подготовка:

  • Во загреано млеко се додава медот и се меша додека се растопи
  • Овесните снегулки и оревите сомелете ги во сецко и потоа додадете ги во млекото
  • Измешајте jа целата смеса.
  • Потоа поделете ја на два еднакви дела.
  • Први дел белиот додадете го во калап а останатиот дел се додава 60г чоколадо и се меша да се соедини.
  • Се додава над белиот дел
  • Остатокот од чоколадото се топи со една лажица кокосово масло и потоа се додава како глазура на горниот дел.
  • Се става во флижидер за убаво да се стегни 1 – 2 часа и потоа се служи.

Уживајте !

Сподели со пријателите!

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading