Не може да помине уличен фестивал, панаѓур( лето или зима) без Куртош колач или како што му е оригиналното име Kürtőskalács. Во зима се јаде топол со цимет и шеќер, а во лето со сладолед. И сите си чекаат во ред застанати, никој не се буни, а има и зошто… Посебно се сеќавам дека најчесто се прави есенски период, а на секое ќоше го имаше во Јаши кога бевме на патување.

Ми беше предизвик да го направам.

Сакав да го споделам овој уличен рецепт со вас.

СОСТОЈКИ:

  • 220мл. млако млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 20гр. свеж квасец
  • 500гр.брашно,
  • малку сол,
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 50гр. омекнат путер

Начин на подготовка:

  • Квасецот стасува во млекото.
  • Се додава брашното и останатите состојки и се замесува (јас во миксер) 10 минути.
  • Тестото стасува на топло 1 час.
  • Модлите се 6 лименки празни од пиво обложени  со фолија и премачкани  со путер.
  • Тестото се дели на 6 дела.
  • Секое топче се расукува и се обложува лименката.
  • Малку се притиска.
  • Се посипуваат со  кафеав шеќер.
  • Постапката се повторува 6 пати.
  • Се печат во загреана рерна на 220 степени 12-14 мин.
  • Додека се топли се наросуваат со кафеав шеќер и многу цимет но јас едни наполнив и со пудинг од чоколадо и шлаг
  • врз нив додадов чоколаден прелив со нула калории од web shop
  • Мене ми се вака омилени. Може и со кокос, мелени ореви…

Уживајте во вкусот!

Сподели со пријателите!

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading