Мусака со ајвар и биено сирење

Сите по малку во главата си размислувате , па како може да испадни мусака од ајвар. Па како може? Најслатко може, според мене. Сите обожаваме ајвар на кришка леб со биено сирење, па зошто да не биди тоа во главно јадење?

Може и тоа е мноогу вкусно.

Потребни состојки:

  • 3 поголеми компири
  • 150 гр биено сирење
  • 200 гр. кисело млеко
  • 4 големи лажици ајвар
  • 2 лажици маслиново масло
  • зачин
  • 250 мл вода

Начин на подготовка:

  • Најпрво се лупат компирите и се сечат на тенки ленти , кругови
  • На дното на керамичка тава ставате маслиново масло и редите еден ред од листовите компир
  • Врз секој ред ставате по една лажица ајвар и биено сирење, исто сецкано на тенки парчиња
  • Кога ќе завршите со редење последно компир, додавате 250 мл. вода
  • Пред да го ставите во рерна ставате на последниот ред кисело млеко.
  • Печите на 180 C околу 30 тина минути.

Уживајте во вкусот!

Мусака со ајвар и биено сирење
Сподели со пријателите!

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading