Печено јаболко со протеин… Интересна комбинација…Сите знаеме дека јаболкото е чувар на нашето здравје , а какво јаболко и да изберете дали црвено, зелено или жолто телото ќе ви биди благодарно за секој еден залак.
Јаболкото помага во белеењето на забите, јакнење на имунитетот, помага во варењето на храната исто така го намалува холестеролот и делува позитивно на срцето и крвните садови.
Се верува според некои истражувања дека јаболкото помага при превенција од рак на бели дробови, го редуцираат и ризикот од рак на дебело црево, рак на панкреас и рак на дојка. Па често во моите рецепти се сретнува јаболкото за појадок или за ужинка.
Како што знаеме сите протеинот ни е најпотребен за функционирањето на нашите мускули.
-
100% PURE WHEY-2270GR3.990,00€
-
BATTERY NUTRITION WHEY PROTEIN – ВАНИЛА2.560,00€
-
Product on saleИндивидуална програма за слабеењеOriginal price was: 1.590,00€.790,00€Current price is: 790,00€.
Па од таму излезе и овој рецепт.
Потребни состојки:
- 2 јаболка
- 30 гр протеин по ваш избор од нашата продавница купи тука
- 5 гр. цимет
- кокосово масло
- 50 гр. сецкани ореви
Начин на подготовка:
- Најпрво ги лупите јаболката
- Ги сечите на тенки листови
- Ги ставате во огноотпорен керамички сад
- Ставате на садот кокосово масло
- Ги ставате лентите од јаболка во садот заедно со протеинот и циметот
- Мешате да се соединат состојките
- Додавате и сецкани оревчина
- Мешате повторно
- Печите на температура од 180 Ц околу 15 минути.
- Формирате топчиња од печената смеса
Уживајте во вкусот
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.