Сезона на костени е, а дали знаете дека костенот го исфрла вишокот вода од телото?
За денес ви приготви в еден интересен рецепт со костени.
Ама пред тоа мора да знаете како лесно да ги испечете костените.
Еве еден лесен трик за костени.
- Најпрво насечете ги костените само на средина.
- Ставете ги во тенџерче со сол и вода.
- Оставете за зоврие водата.
- Од како ќе зоврие истурете ја водата и костените префрлете ги во тава за печење.
- Печете во рерна 15-20 минути на 220 Ц.
- Веќе се готови костените.
Сега ќе го споделам со вас прекрасниот рецепт за смуди од костени.
Потребни состојки:
- 1 рака лупени печени костени
- 25 гр. протеин од ванила (купи тука)
- 100 мл млеко по ваш избор
Начин на подготовка:
- Сите состојки ги ставате во блендер и блендирате додека не се соединат состојките и не се добија кремаста текстура.
- Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.