Совршено смуди кое и ги зема двата најдобри вкусови на есента и ги спојува во оваа голема чаша вкусност.
Ова е еден од тие денови… знаете ли оние каде што имате многу работи да направите, но не сте завршиле ниедна од нив? Да, тоа сум јас денес. Ама затоа денес подготвив две врсти на смуди, едно за мене а друг вкус за мојот сопруг.
Потребни состојки:
- 2 лажици овесни снегулки
- 2 лажици пире од тиква
- 5 мл грчки јогурт од ванила
- 1 средно јаболко исечено на коцки (излупено)
- 150 мл. незасладено бадемово млеко
- 1 лажичка мед
- 1 чаша мраз или по вкус
Начин на подготовка:
- Во блендер, додадете ги сите состојки и блендирајте на високо ниво од 30 секунди до 1 минута или додека не се изедначи.
- Ако смутито е премногу густо, додадете уште малку бадемово млеко.

Потребни состојки за другото смуди:
- 1 банана
- 1 јаболко
- 200 мл кокосово млеко
- 1 лажица мед
- 1 лажица кокос
- 1 лажица таан
- 3 гр. цимет
Начин на подготовка:
- Блендирајте додека целото овошје не се изедначи и уживајте!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.