Дали сте слушнале за здрава варијанта на сутлијач? Ако одговорот е не, тогаш јас го имам вистинскиот рецепт. Да, како што кажав нема шеќер, здрава веганска варијанта.
Само да знаете колку многу уживав додека го подготвував, бидејќи мирисот додека се приготвуваше беше мирис од детството, мирис на ванила, кокос и цимет.
Потребни состојки:
- 400 мл. кокосово млеко
- 200 мл вода
- 180 гр. кафеав ориз ( можете и со бел)
- 2 гр. ванила во прав
- 5 гр. цимет
- 200 мл. мед ( можете и јаворов сируп 100 мл)
Начин на подготовка:
- Ги мешате млекото кокосово со водата и оставате малку да се стоплат
- Го додавате оризот и мешате
- Додавате ванила во прав
- Мешате и оставате да се вари 20 минути
- Го додавате медот и оставате уште 20-25 минути да се вари
- Кога е веќе готов го сервирате во чинија со прав од цимет
- Уживајте!
Забелешка: Го правев сутлијачот во тенџере со два газери, каде во едниот газер се става вода и не можи да загори.
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.