Сами ја измамуваат насмевката кога ќе ги видите. Вкусни веган(посни) џинџер новогодишни колачи. Послужете ги како десерт со чај или кафе. Вистинско уживање
Потребни состојки:
- 100 гр непечени лешници
- 200гр овесно брашно
- 20 свежи урми
- 65гр кокосово масло
- 65 гр.кокосово млеко
- 2 лажички свеж рендан ѓумбир
- 2 лажички мелен цимет
- 1 лажичка мелени каранфилчиња
Начин на подготовка:
- Најпрво ги блендираш лешниците и ги мешаш во еден сад со брашното.
- Урмите, маслото и зачините и млекото измешај ги во блендер
- Соедини ги двете смеси во едно тесто
- Расукај го тестото со сукало на хартија за печење
- Вади со модли и ставај ги врз истата или друга хартија за печење
- Печи во загреана рерна на 150°C околу 20-25мин.
- Уживај во новогодишните моменти со вкусни колачиња!

- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене
- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.



