Оставете ги да изладат од како ќе ги испечите го имаат она совршено чувство и задоволство како да сте јаделе вистинска пица. А за вкусот на останатите лиснати споделете вие!
Потребни состојки:
- 1 кг. лиснато тесто
За фил еден:
- 3 лажици доматно пире
- 3 лажици домат пасиран 99,9 % чист
- 1 лажица оригано
- 1/2 лажица мала зачин
- веге кашкавал
За фил два:
- 2 лажици веган маскарпоне
- шумско овошје
За фил три:
- 1 лажица маскарпоне веган
- 1 лажица буковка
Четврти фил:
- 1 кесичка ванила прашок за пудинг
- 150 мл. кокосово млеко
- 100 мл. вода
- 5 лажици кафеав шеќер
Начин на подготовка:
- Го оставате тестото да се одмрзни
- Со сукало го развлекувате во кора
- Го делите на квадратчиња
- Секое квадратче го засекувате по ќошеви од 1 мм како квадратче
- Врз секое ставате од квадратче ставате од приготвените филови
- Претходно го варите пудингот и го оставате да излади
- Ги спојувате ќошевите на средина
- Печете 10 минути на 250 С, ја намалувате температурата на 200 С да се допечат.
Оставете ги да изладат така се највкусни!
Уживајте!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.


