Понекогаш ми е тешко да го внесувам маслото од црно семе и си барав начин како да не го испуштам секојдневниот внес на ова лековито масло. И најдов во каша и во смуди.
Потребни состојки:
- 4 лажици овесни снегулки
- 1 лажица црно семе
- 1 мала лажица масло од црно семе купи тука
- 180 мл. кокосово млеко
- 1 лажица путер од бадем купи тука
- шумско овошје
- 1/2 банана
Начин на подготовка:
- Ги варите овесните снегулки со кокосовото млеко и црното семе
- Од како ќе се сварат ги ставате во чинија и додавате од маслото од црно семе
- Мешате да се соедини
- Го додавате путерот од бадем и овошјето
- Уживајте во вкусот!
