Овие мини тортиљи можите да ги послужите за секоја забава. Мексиканско полнење, на тортиљите, полнење со салата, полнење со зеленчук, јас избрав полнење со салата од семиња и компир.
Потребни состојки:
- 5 чиа големи тортиљи
- 3 лажици ленено семе
- 3 лажици сусам
- 3 кисели краставички
- 3 кисели моркови
- 3 лажици млади сир
- 1 варен компир
- 1 јајце
- 2 лажици кисела павлака
- бибер
- сол
-
100% PURE WHEY-2270GR3.990,00€
-
BATTERY NUTRITION PANCAKE-БЕЛО ЧОКОЛАДО СО КОКОС-500G990,00€
Начин на подготовка:
- Направете мали кружни форми од тортиља
- Ставете ги да се печат по 5-6 мин на 150 С како на сликата погоре
- На тивок оган испечете ги семињата
- Оставете да изладат
- Исечкајте ги морковите и краставиците
- Ставате ги во длабок сад сечканите зеленчуци и додадете кисела павлака, ренданиот компир, млад сир, бибер и сол
- Мешајте додека се соединат состојките
- Со веќе приготвениот фил наполнете ги малите тортиљи
- Уживајте во вкусот!
