Како дел од здравиот начин на живот секојдневното пазарање кај мене опфаќа и пазарење на различни семиња. За време на празниците овие вегетаријански бомбици се наоѓаат на нашата трпеза. Но и љубителите на убаво мезе ќе ги засакаат. Можите да ги консумирате и како замена за појадок.
Потребни состојки:
- 100 гр. киноа
- 100 гр. сончоглед
- 100 гр. семки од тиква
- 50 гр. ленено семе
- 50 гр. чиа семе
- 50 гр. сусам
- 3 полни лажици кисела павлака
- 3 полни лажици урда
- сол по желба
Начин на подготовка:
- Во не леплив тефлон на тивок оган ги печите сите семиња
- Од како ќе се испечат се оставаат да изладат
- Во длабок сад ги ставате семињата заедно со павлаката и урдата
- Формирате бомбици од приготвената смеса
- Украсувате со печените семиња
- Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.