Денес за појадок oвесна каша со тостирани семиња. Ако мене некој ме праша што обожавам за појадок без размислување одбирам овесна каша. Толку е брза и лесна за подготовка па и не е случајно што го добила името “Кралица”
Потребни состојки:
- 3 лажици овесни снегулки
- 1 лажица киноа
- 1/2 лажица ленено семе
- 1/2 лажица чиа семе
- 1/2 лажица семки од сончоглед
- 150 мл. млеко по ваш избор
- смрзнато овошје
Начин на подготовка:
- Ги варите прво овесните снегулки со млекото
- На загреан тефлон ги ставате сите семиња и ги потпекувате
- Ги додавате во веќе приготвената каша заедно со смрзнато овошје
- Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.