Ако и вие сте од оние типови на луѓе што уште не расонети му текнува на бургер тогаш овој вкусен бургер е само за вас. Овој бургер го нареков “бургер за шампиони” поради составот кој го има.
Љубов при првиот залак со Verdino 100% растителна плескавица на база на протеин од грашок. Без соја и гмо. Без лактоза и палмино масло.
Докажано е дека исхраната базиранa на растителни продукти го намалува ризикот од висок крвен притисок и дијабетес, го подобрува целокупното здравје и има низа предности, при што многу потрошувачи се обратија кон веганските производи кои содржат протеини за да ги добијат посакуваните резултати.
Потребни состојки за бургер леб:
- 1 кг. интегрално брашно
- 500 мл. млака вода
- 15 гр. сув квасец
- 100 мл. кисело млеко
- 100 мл. топло млеко
- 15 гр. сол
- 2 лажици масло маслиново
- 100 гр. семиња од сончоглед
Потребни состојки за полнење на бургерот:
- Verdino плескавица
- 2 парчиња моцарела
- веган сос (рецепт тука)
- марула
- домат
Начин на подготовка на плескавицата:
- На ниска температура со маслиново масло ја ставаме плескавицата Verdino да се испржи од двете страни по околу 8 минути додека да порумени.
- Кога е при крај со пржење ја додаваме моцарелата на неа да се стопи
Начин на подготовка на лебчето:
- Квасецот со топло млеко го мешаме и го оставаме да нарасни малку на собна температура
- Во длабок сад го стававаме брашното, додаваме две лажици маслиново масло, киселото млеко и веќе стасаниот квасец
- Ги додаваме и семињата од сончоглед
- Мешаме, ја додаваме водата и солта и замесуваме тесто
- Веќе замесеното тесто го оставаме на собна температура да одмори 45-50 минути покрено со кујнска крпа
- После 50 минути го замесуваме и формираме мали топчиња
- Ги ставаме на хартија за печење и ги поросуваме со брашно од горе
- Печиме 50 минути, прво на 200 С. и постепено намалуваме до 150 во тие 50 минути.
- Веќе подготвените бургерчина ги сечиме на половина и ја додаваме плескавицата Verdino со останатите зеленчуци
Уживајте!
- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
- Мојата приказна за битката со ракот на дојка и благословот да станам мајка
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.