Шеќер во најава. Знаете дека не сум многу љубител на вакви торти со многу калории и шеќер ама некогаш мора да мислиме и за вкусот и изборот на нашите најблиски. Кејоков беше врв, и пријателите потврдија. Прво е многу брза за правење и без печење, а второ економична за ваков вкус.
Потребни состојки за кората:
- 350гр. мелени бисквити
- Околу 80 г. путер или маргарин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 3-4лажици чоколадно млеко
- 3-4 лажици стопено млечно чоколадо
Растопете го путерот, додадете го во останатите состојки, соединете и обликувајте ја кората во калап од 26 сантиметри.
Потребни состојки за фил:
- 250 гр. Млечно чоколадо
- 250 гр. Еурокрем
- 150 гр. маргарин
- 1 л. слатка павлака
- агар – агар желатин
- Растопете го чоколадото на пареа со маргаринот и еурокремот (да не се вари) повремено мешајќи.
- Во длабок сад изматете ја слатката павлака
- Во веќе изматената слатка павлака постепено додавајте од изладените топено чоколадо со маргарин и еурокрем
- Во друг сад растворете го агар-агар според упатство
- Оставете да излади малку и додадете го во смесата
- Матите додека не се соединат
- Прелијте ја кората и оставете целосно да се излади. Можете да го ставите во фрижидер.
-
Product on sale
Индивидуална програма за слабеењеOriginal price was: 1.590,00€.790,00€Current price is: 790,00€.
Потребни состојки за прелив:
- 200 гр. млечно чоколадо
- 2 лажици масло
Начин на подготовка:
- Подготовката е иста како и за црниот фил.
- Чоколадото го топите на пареа
- Оставете да се излади и потоа прелијте ја.
- Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа
- Уживајте!

- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене
- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.






