Лиснато зелена салата со протеини и јаглехидрати

Времето за појадок штотуку стана десет пати подобро, благодарение на оваа лиснато зелена салата, таа е погодна за палео и кето начин на живот.

Салатата е подготвена да се јаде за помалку од 20 минути, не содржи млечни производи само малку зачини со изборен прелив за салата.

Во Јапонија салатата е редовна компонента на јапонскиот појадок. Си помислив дека тоа е одлична идеја, но никогаш не ја направив дел од мојата секојдневна навика за појадок. Само понекогаш кога сум во брзање сите зеленчуци ги спремам од вечер и наутро веќе имам готов појадок со сите нутритивни вредности.

Најпрво сакам да ви го кажам моето спремање на јајцата.

  • Природа и наука во идеален спој!
  • Здравјето доаѓа од природата

Варени јајца: Еве го мојот начин на варење јајца за почеток во зовриена вода што ги прави лесно да се лупат. Сепак, во последно време ги правам во инстант тенџерето. Варете ги на висока температура пет минути. Потоа оставете го природното ослободување уште пет минути додека ги префрлите во сад со ледена вода. Варените јајца брзо се ослободуваат од лушпата на овој начин.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 мала марула
  • 2 лажици семки од тиква
  • 2 лажици семки од сончоглед
  • 2 лажици сушена брусница
  • 2 лажици ленено семе
  • 2 лажици сусам
  • 150 гр. наут од конзерва
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица јаворов сируп или мед
  • 1/2 цеден лимон
  • 3 лажици маслиново масло
  • бибер
  • сол
  • копар
  • крем балсамико

Начин на подготовка:

  • Марула -Исечете го крајот на коренот за да ги одделите листовите. Сите добро потопете ги во голема чинија со ладна вода. Исцедете и повторете два-три пати додека зелената салата не се ослободи од песок. (Еко-совет: Користете ја водата за плакнење за да ги наводнувате растенијата!!) Поставете ги листовите на чиста крпа и нежно свиткајте ја како сендвич со тркала. Така подобро можете да ја исечкате
  • Во загреан не леплив тефлон ги ставате сите семиња да се потпечат
  • Додека во длабок сад го ставате сенфот, маслиновото масло, лимонот , медот, сол и бибер мешате додека се соедини смесата за прелив на салатата
  • Во длабок сад ја ставате најпрво сечканата марула, семињата, наутот и на крај иди преливот, ја масирате со рака целата марула за убаво да прими од состот
  • Ги додавате сушената брусница, јајцата, копарот и на крај преливот балсамико
  • Уживајте во појадокот!

Следи ме на инстаграм!

Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *