пица од тиквица

Пицата настанала во Италија како храна на сиромашните. Селаните имале свое сопствено брашно, произведувале домати, сирења и кашкавали и други продукти, па од нив правеле различни видови на пица, во зависност од она што во моментот го имале дома
Денас пицата е мошне популарно јадење во светот, пред сѐ поради евтините и лесно достапни состојки како и поради едноставноста на нејзината подготовка.
Јас ви приготвив доста лесна и помалку калорична пица за денес.

  • Природа и наука во идеален спој!
  • Мента фарм
  • Здравјето доаѓа од природата

Потребни состојки:

Потребни состојки за тесто :

  • 1 тиквица
  • 1 јајце
  • бибер
  • 1/4 лажица сол
  • 1/4 лажица оригано
  • 1/4 лажица босилок
  • 50 гр. моцарела

Потребни состојки за фил:

  • Свежи печурки
  • доматен сос
  • 50 гр. моцарела

Начин на подготовка:

  • Најпрво ја лупите и рендате тиквицата
  • Ја цедите од вода преку газа
  • Додавате едно јајце и сите зачини заедно со 50 гр. рендана моцарела
  • Мешате додека не форимирате тесто
  • Веќе направеното кружно тесто го ставате на хартија за печење
  • Печите 20 минути на 180 Ц.
  • На веќе готовото тесто додавате доматен сос, свежи печурки, чери домати, моцарела и оригано
  • Го враќате на печење уште 10 минути на 150 Ц.
  • Уживајте!

Следи ме на инстаграм!

Сподели со пријателите!

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading