Овој десерт е погоден во секое време. Посебно кога имате малку време да подготвите нешто вкусно.
Често го правам кога имаме некаква прослава, празник или кога сум кратка со време и тоа секогаш со различни додатоци во чаша.
Потребни состојки:
- 100 гр. шлаг пена
- 1 л млеко
- 2 пудинзи од чоколадо
- 2 банани
- 10 бананчиња
- 200 гр. мелена плазма
- 6 лажици шеќер
- 1 шлаг крем
Начин на подготовка:
- Подгответе го пудингот со 900 мл. млеко и 6 лажици шеќер
- Изматете го шлагот со 100 мл. млеко
- Исто така изматете го крем шлагот според упатството со млеко
- Во веќе готовиот пудинг иако е малку по течен додадете ја плазмата
- Измешајте
- Измешајте ги шлаг пена со шлаг крем заедно
- Насецкај те ги бананчињата и бананите во чинија
- Земете чаша, и најдолу ставете од смесата со плазма, па додадете банана, бананчиња па нагоре со шприц ставете од измешаниот шлаг.
- Уживајте!

- Црвена мака (ЕКСТРАКТ) – концентрирана сила за хормонален баланс

- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене

- Храна која помага за хормонален баланс

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.





