Pasta pomodoro bez maslo

Ох, само колку уживав во мирисот и вкусот на оваа паста. Додека се приготвуваше цела куќа мирисаше на пица.

  • вердино колбаси
  • Мента фарм
  • мое пазарче
  • Природа и наука во идеален спој!
  • Здравјето доаѓа од природата

Потребни состојки:

  • 200 гр. макарони
  • 100 гр. цели домати од конзерва чист домат 99%
  • 150 мл. домати пасирани чист домат 99%
  • 150 мл вода
  • 1 лажица мала оригано
  • 1 лажица мала зачин вегета
  • 1/2 лажица мала босилок можи и свеж ако имате
  • 1/3 лажица сол по вкус
  • 1 лажица нишесте
Pasta pomodoro bez maslo

Начин на подготовка:

  • Во тенџерче на оган ги ставате макароните да се варат, но не ги доварувате ги оставате полу живи
  • Во тава на оган ги префрлате макароните, ги додавате доматните сосови, водата и сите зачини освен нишестето
  • Оставате во сосот да се доварат макароните и ќе впијат од доматите во варењето така 15 мин.
  • После 15 минути го разматувате нишестето со малку доматен сос на загреан тефлон и го додавате во тавата
  • Оставете да си крчка уште 10 минути
  • Веќе се готови за послужување
  • Уживајте!

Следи ме на инстаграм!

Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *