намаз од грашок без масло

Знаете пред да го правам намазот од грашок си помислив, зошто никој не го обожава грашокот кога тој е најбогат со протеин и од него се прават највкусните намази.

  • Мента фарм
  • Природа и наука во идеален спој!
  • Здравјето доаѓа од природата

Типично, како и сите мешунки, грашокот содржи одличен процент на протеини, растителни влакна, но и антиоксиданти. Со текот на неговото зреење, содржината на јаглехидрати се намалува, а на протеини оди нагоре и до 23%.

Грашокот е одлична храна за слабеење!

Тој често се употребува и за правење на протеински изолати, што е значајно за оние што сакаат да ја зголемат својата мускулна маса.

На 100 гр. грашок има само 81 калорија.

Потребни состојки:

  • 250 гр. грашок од конзерва
  • 5 лажици таан
  • 1/4 лажица сол
  • 5 гр. ким
  • 1/2 лажиче куркума
  • Околу 70 мл. вода во зависност од густината која сакате да ја добиете

Начин на подготовка:

  • Сите состојки ги ставате во блендер.
  • Блиндирате додека се соединат состојките и ја добиете посакуваната густина.
  • Уживајте!
намаз од грашок без масло

Следи ме на инстаграм!

Сподели со пријателите!

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading