Навистина најдобриот рецепт за салата од јајца што ќе го пробате со минимални состојки и толку брзо за правење.
Ова е најлесната салата од јајца и совршен начин да ги искористите остатоците од велигденските јајца.
Ова може да се сервира на многу различни начини – како дополнителна салата, на тост, итн (видете повеќе идеи подолу). Оваа традиционална салата е едноставна, задоволувачка и совршен додаток на вашето велигденско мени.
Потребни состојки:
- 3-4 варени изладени компири
- 5-6 јајца варени
- 700 мл. кисела павлака
- 6-7 лажици мајонез
- 7 кисели краставички Бакалески промет Brian’s (купи тука)
- 5 кисели моркови Бакалески промет Brian’s (купи тука)
- 200 гр. сирење или свежи сир
- 150 гр. кашкавал
- 300 гр. грашок
- бибер
Начин на подготовка:
- Ги сечкате на мали коцки краставичките, морковите и кашкавалот
- Додека ги рендате јајцата и компирите на по крупната страна на рендето
- Сирењето го дробите со раце
- Во голем сад ги мешате сите состојки додавајќи ги мајонезот и павлаката.
- Го додавате мелениот бибер и грашокот
- Мешате додека не се соединат.
- Уживајте!
- Гранола во корпиња
- Фитнес бурек со корнфлекс
- Протеинска пица од овесни снегулки
- Вегетаријански ролат од хељдини кори и ајвар
- Палачинки од леќа
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.