Чудно но вистинито. Сега во денешно време можиш слободно да се препуштиш на веганските производи на Verdino Mk и да знаеш што всушност внесуваш како замена за месо. Бидејќи јас сум вегетаријанка и не јадам месо, сепак си ја најдов својата замена преку производите на Verdino Mk, и баш се ми е многу полесно за готвење.
Нивните смеси за ќебапи и плескавици си ги обликувам и си ги подготвувам според свои потреби. Така денес смесата за плескавица ја развлеков со сукало и си направив ролат со јајца. Подолу ќе ви ја објаснам целата постапка. Станува збор за оваа смеса која е наменета за бургери и формирана за бургер, но јас денес решив да ја подготвам во ролат.
Сакам да напоменам дека со купувањето на оваа електронска верзија од книгата Смути – Канцер 1:0, освен што ќе си добиете превкусни рецепти за смутиња, директно ќе помогнете и на луѓето заболени од рак, бидејќи 20% од секоја продажба одат токму за нив.
Потребни состојки:
- 1 плескавица Verdino Mk
- 2 варени јајца
- хартија за печење
- 1 лажица маслиново масло
- свежа салата
- домат
- жолти бабури со сирење Бакалески промет Brian’s
Начин на подготовка:
- Смесата за плескавица од Verdino Mk ја развлекувате со сукало на фолија за свежо
- Ги ставате двете јајца и виткате ролат
- Ја тргате фолијата за свежо и сместа ролат ја преместувате на харија за печење
- Врз ролатот ставате маслиново масло
- Печите на 180 C. 15 минути, или додека да порумени
- Ролатот го сервирате на даска
- Јас користев готово пире како додаток, свежа зелена салата и жолти бабури полнети со сирење од Бакалески промет Brian’s кои можи да ги нарачате тука
- Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.