Сурови вегански суши се направени со свеж зеленчук. Вкусни се, здрави и лесни за правење! Ако некогаш сте посакале да направите сурови вегански суши, тогаш овој рецепт е за вас!
Овие суши направени од краставица се идеални за ова топло време како мезе. Со ова мезе не само што ќе се заситите, може да изгубите и кг.
Потребни состојки:
- 2 краставици
- 100 гр.варен ориз
- 2 колбаси Verdino mk
- 1/3 авокадо
За сос:
- 1 лажица крем балсамико
- 1 лажица соја сос
- Сол
- Бибер
Начин на подготовка:
- Ги сечкате краставиците на 4 поголеми парчиња
- Ги длабите со лажица
- Веќе подготвените парчиња краставица ги полните со сварениот ориз
- Колбасите Verdino mk ги печите на фолија со малку маслиново масло околу 10 минути на 200 Ц. Моја препорака за добра рерна е вградената рерна Bosch ХБН531С1Ф која има мултифункционална 3D рерна (овозможува печење на 3 нивоа), 8 програми за печење, дисплеј на кој може да се подесува саат, аларм, тајмер, прецизно регулирање на температурата 30 – 270°C и сега можи да си ја нарачате преку купи на рати за месечна претплата од 1151 ден. на 24 рати.
- Користев зачинети колбаси Verdino mk бидејќи повеќе се изразува вкусот со ориз и краставица
- Ги сечкате исто така и колбасите и авокадото
- Ги полните краставиците прво со ориз, авокадо и на крај веганските колбаси
- Направете сос од соја, крем балсамико и малку сол и бибер.
- Уживајте во мезето!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.