Дали тортиљата е добра за слабеење, прашање кое често го добивам?
Тортилите можат да бидат дел од здрава исхрана, вклучително и за оние кои се обидуваат да ослабат со намалување на калориите или со намалување на јаглехидратите. Со оглед на тоа што содржи голем број на јаглехидрати, тој е одличен извор на енергија, но не доаѓа од шеќер, па затоа не се дебелеете.
Врап од тортиља се една од моите омилени работи за ручек, вечера или како мезе. Ги сакам поради тоа колку се разновидни. Во нив можам да користам скоро се, а ако ги послужам цели, се прави цела обвивка.

Ако ги исечам, можам да им послужам вкусни сендвичи во ролна за моето семејство или пријатели. Оваа способност да ставите речиси сè во нив и да ги послужите на два различни начини ги прави совршени како оброци или како предјадења!
Со текот на годините направив различни ролни, а денес сакав да споделам некои од моите омилени со вас. Прочитајте повеќе тука од моите 10 омилени најдобри рецепти за тортиља. Ни пред да го споделам со вас рецептот сакам да ви кажам нешто многу важно за производот на Bakaleski Brian’s.







Моментално урнебесот кој го користам од Bakaleski Brian’s е отворен скоро 4 недели, и знате што, не е ни мувлосан ни расипан, така затворен со капаче стоеше 4 недели во фрижидер без да се расипи или мувлоса. А тоа е така бидејќи изработен е по светски стандард како за своја душа. А јас го чував во мојот нов фрижидер кој го купив од купи на рати на 24 рати по цена од 1257 денари.
Сакам да ви раскажам малку како дојдов до овој рецепт. Се размислувам како да искомбинирам луто, кисело и зеленчук да биди вкусно и сочно. Сепак за тоа ги имам Bakaleski Brian’s со своите вкусни производи и сепак се одлучив тоа да биди урнебес кој е малку лут и доволно сочен.

Постапката погледнете ја на тука на reel.
Потребни состојки:
- 1 интегрална тортиља
- Рукола
- 2 лажици урнебес Bakaleski Brian’s
- 2 големи пржени сечкани печурки
- таратур (дома приготвен)
- 2 лажици наут

Начин на подготовка:
- Пред да започнете со редење на тортиљата подгответе го таратурот
- За подготовка на таратурот користев:
- 1/2 краставица
- 2 лажици павлака
- 1 мала лажица маслиново масло
- сол
Начин на подготовка:
- Ја ставатате тортиљата во чинија
- Врз неа на средина редите прво урнебес Bakaleski Brian’s
- Потоа додавате наут кој го пасирате со вилушка
- Врз наутот додавате од таратурот, рукола и пржените печурки
- Виткате во ролна почнувајќи од едната страна кон другата
- Уживајте!
Погледнете ги рецептите кои содржат тортиља тука.

- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
- Мојата приказна за битката со ракот на дојка и благословот да станам мајка
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо