Брзи мафини со семиња без брашно. Да, со семиња.. Одлични за појадок и вечера со додаток од намаз.
Копривата е на врвот од лековитите самоники билки кои многумина ги сметаат за плевел. Семето на копривата пак, е уште полековито од самата билка, па затоа најчесто се користи во приготвување на различни лековити препарати. Семето од коприва содржи витамини Ц, Б, Д, Е и К, железо, калиум, калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар.
Потребни состојки:
- 4 лажици мешани семиња
- 2 лажици семки од тиква
- 1 лажица семе од коприва
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажица маслиново масло
- 2 јајца
- 1/2 мало лажиче сода
- 50 мл. Јогурт
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ги мешаме прво течните состојки
- Ги додаваме семињата и овесните снегулки
- Мешаме да се соединат
- Ги ставаме во калапчиња и печиме на 200 Ц, 20 минути.
- Уживајте!
Погледни го reel тука!
- Смеса за вегани: Посно месо
- Свежа салата со крцкаво тофу
- Смути со ачаи во прав
- Здрави корпиња
- Протеински ментолки
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.