Користиме туна но уживаме во вкусот на скара! Подготвено со страст и љубов, ова бурито ќе ве одведе на вистинско кулинарско патување. Осетете ја свежината на туната, со дополнителниот зачин на скара. Нека ова бурито стане вашиот следен гурмански избор и ве потопи во вкусната еуфорија на комбинацијата помеѓу традицијата и модерноста.
Потребни состојки:
- 4 свежи листови марула
- една рака рукола
- 50 грама микс од мексиканска салата конзерва
- 1 лажичка зачин со вкус на скара од Витаминка
- 30 мл.лимонов сок од Витаминка
- 30 мл. прелив од лимета од Витаминка
- 1 мала лажичка бибер од Витаминка
- 1/2 мала лажичка сол
- 20 мл. маслиново масло ладно цедено од Витаминка
- 70 гр. туна филети од конзерва
- 2 тортиљи

Начин на подготовка:
- Марулата добро измијте ја
- Во длабок сад насечкајте ја марулата
- Додадете ја и чистата и свежа рукола
- Во истиот сад додадете ја и мексиканската салата и туната
- Врз зелената салата направете дерсинг од лимета, лимонов сок, маслиново масло, сол, бибер
- Веќе подготвениот дресинг распоредете го врз салата и измешајте ги состојките
- Тортљите пополнети ги со веќе подготвената смеса и потпечете ги од двете страни на не леплив тефлон
- Уживајте!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.