supa od domati so mocarela

Оваа летна супа често ја имам на менито кога сакам да јадам нешто вкусно вегетаријанско, но да не е многу калорично.

Состојки:

  • 2 поголеми домати
  • 1 мало лукче колку за мирис
  • босилек зачин
  • оригано зачин
  • 1 лажица маслиново масло
  • 50 гр. моцарела сечкано на ситно

Најпрво ги сечкаш доматите на ситно. Во тенџерче ставаш масло па ги истураш доматите малку да се пропржат. Убаво мешаш и додаваш 200 мл. вода и оставаш да се вари 10 минути. Додади зачини по желба иако моја препорака со овој рецепт е свеж босилек или како зачин и сол и црн бибер. Течноста ја ставиш во блендер и блендираш за да ги нема малите парчина. Кога супата е веќе готова ситно сечканата моцарела ја ставаме внатре да се стопи.

Уживај во вкусот!

https://vkusnobezmeso.wordpress.com/#

Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *