Начинот на подготовка е многу едноставен и брз на овој вегетаријански оброк, што често ќе се наоѓа на вашата листа на омилени јадења.
Сосотојки.
3 лажици палента
150-200 мл. вода
1 лажица млади сир или урда
1 мало парче моцарела
1 јајце
1 домат
1 краставица
сол по потреба
1 лажица мала маслиново масло
Ставате вода во тенџерче на оган да се загрее, го додавате маслиновото масло и кога водата е затоплена ја додавате и палентата, го намалувате шпоретот на најниска температура за да не ви прска од палентата додека се приготвува.
Додавате една лажица урда и парчето моцарела.
Мешате додека не се соединат со палентата.
Во друго тавче на малку маслиново кршите едно јајце и го поклопувате додека не се испржи.
Ја сервирате на чинија палентата со јајцето и како додаток домат и краставица за подобар вкус и свежина.
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.