Брз, едноставен вегетаријански појадок за сите оние кои се љубители на овесот.
Состојки:
- 2 парчина моцарела
- 1 јајце
- 5 лажици овесни снегулки
- сол
- хартија за печење
- Додаток:
- 1 домат
- марула неколку ливчина
- мајонез
Јајцето заедно со овесните снегулки и солта го мешаме за да добиеме еднолична смеса.
Смесата ја ставаме на хартија за печење на тостер и ја распоредуваме.
Ја покриваме смесата со остатокот од хартијата и печиме 5 мин.
После 5 мин. додаваме моцарела и формираме тост со готовата смеса.
Печиме уште 10 тина секунди.
Уживајте во здрав и брз појадок!

- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
- Мојата приказна за битката со ракот на дојка и благословот да станам мајка
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.