Благата верзија на американските палачинки ја знаеме сите но дали некој успеал да направи солени за појадок?
Јас се потрудив да направам неколку верзии на солени и најдобрата ја споделувам со вас.
Состојки :
- 1 јајце
- 5 лажици овесни снегулки
- 1 мала лажица маслиново масло
- 1/2 мала лажица сол
- 3 гр. пециво
- 50 мл. јогурт
Сите состојки се мешаат заедно и се формира смеса за палачинките.
Се печат на загреан тефлон за палачинки намрсен со маслиново масло.
За фил користев вегетаријански продукти како урда, марула,домат и јајце.
Уживајте во вкусот на овесните солени палачинки.
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.