Пица од компир? Уфф колку само уживав во овој вкус.
Верувам дека овој ручек ќе биди почесто на вашата листа заради брзиот и лесен начин на приготвување.

Потребни состојки:

  • 3 поголеми компири
  • 3 лажици павлака
  • 3 лажици свежи сир
  • 2 јајца
  • 100 гр. моцарела
  • сол
  • бибер
  • оригано
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  • Компирите ги лупиме и сечиме на тенки кругови
  • Додаваме маслиново масло и зачини
  • Ги ставаме во рерна на 200C околу 15 минути да се испечат
  • Во длабок сад ги кршиме јајцата, ги матиме и додаваме рендана моцарела, оригано
  • Ги вадиме компирите од рерна и врз нив додаваме кисела павлака и свежи сир
  • Врз сите состојки ги додаваме матените јајца со моцарела , малку промешуваме
  • Враќаме во рерната и печиме уште 25 минути на 180 C
  • Уживајте !

Rating: 1 out of 5.
Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *