Овој рецепт од “стари” ми е останат кога ќе приготвувам лосос да ги ставам овие состојки за да биди вкусен и сочен. Знаете често лососот знај да биди само крцкав но не и сочен. Затоа овој рецепт ви го откривам во вистинско време за празнициве.
Бидејќи сум пескотаријанец од групата вегетаријанци . Покрај растителни продукти консумирам и риба, па често знае лосот да се најди на мојата трпеза.
Потребни состојки:
- 650 гр. свеж лосос
- 1 гранче рузмарин или сув рузмарин една лажица
- 70 мл. маслиново масло
- 1 цеден лимон
Начин на подготовка:
- На кујнска крпа или на кујнски мека хартија ја ставате рибата и ја тапкате од двете страни да се собери целата влажност што ја има, да остани сува.
- Ја ставате во стаклен сад и врз неа го ставате маслото, цедениот лимон и рузмаринот.
- Печите на 180 C. 20-25 мин, додека да порумени.
- Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.