Сигурно се прашувате како можи да изгледа чипс од тестенина. Овој рецепт случајно го измислив кога имав поголема количина на тестенини сварено и не сакам кога храната се фрла. За да немам два дена исти оброк реков малку да експериментирам.
За овој рецепт потребни се следниве состојки:
- Варени макарони зависи за колку лица подготвувате
- Рендан пармезан
- 1 авокадо
- 3 лажици павлака
- 3 лажици свежи сир
- сол
- оригано
- бибер
Начин на подготовка на макароните:
-
Selenium 100 µg Mono Capsules1.390,00€
- Ги варите макароните и ги оставате да се исцедат
- Ги редите на хартија за печење едно до друго
- Врз нив ставате рендан пармезан, оригано и сол
- Печете на 180 Ц, околу 15 минути
- Чекате да порумени
Начин на подготовка на намаз од авокадо:
Го подготвив овој намаз кој одлично се вклопи со чипсот од тестенина.
- Авокадото заедно со свежиот сир, павлаката, сол и бибер го ставате во блендер
- Блендирате додека не добиете хомогена смеса
Веќе стасаниот чипс од тестенини го сервирате со намазот.
Уживајте во вкусот!
Следи ме на инстаграм!
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо
- Свежа салата со крцкаво тофу
- Смути со ачаи во прав
- Здрави корпиња
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.