Служењето обилен појадок е успешен пристап за повеќето луѓе. Особено за оние кои тренираат во првиот дел од денот.
Ако станувате рано наутро и сте се навикнале на оваа навика и, особено, ако овој пристап ви одговара, нема причина да ја промените. Утрата се најубави со убав појадок. Секој старт на денот да започни со екста добра храна. Овесот во мојата храна е многу застапен, посебно овесните снегулки бидејќи лесно се приготвуваат.
Потребни состојки:
- 1 чаша млеко (може кравјо, бадемово или кокосово)
- 2 чаши овесни снегулки
- 2 јајца
- 15 гр. протеин од ванила Biotech (и не мора) (Купи тука)
- 1/2 лажичка сода бикарбона или малку пециво
- 100 мл. кисела вода
- 1 супена лажица кокосово масло или маслиново
Веќе блендирано оставете го 10 мин во фрижидер поубави се палачинките кога се печат.
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
- Мојата приказна за битката со ракот на дојка и благословот да станам мајка
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо
- Свежа салата со крцкаво тофу
Начин на подготовка:
- Ги ставив сите состојки внатре и само блендирав додека се соединат.
- Ги печев на загреан тефлон за палачинки на температура 6 од 9 опции за да не загорат
- Врз палачинките послужив од мојот здрав домашен џем од јагоди.

Домашен џем од јагода
Овој домашен џем од јагода ми излезе толку спонтано и го користам често како замена за засладување на палачинки.
Потребни состојки:
- 150 гр. смрзнати јагоди
- 2 лажици мед
- 1 лажица чиа семе( а и не мора)
Начин на подготовка:
- Во тенџерче на оган ги ставате медот, јагодите и чиа семете
- Ги оставате да се варат со една лажица вода
- Ги тргате од оган кога веќе ќе почни да врија силно и да испушта црвена пена
- Послужете на палачинки или напрвате вкусен десерт.


Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.