Чиа пудингот е одличен за доручек , ужина па и како за десерт .
Сите знаеме дека чиа семето е богато со протеини , растителни влакна и омега 3 масни киселини .
Во прилог ви оставам лесен рецепт за чиа пудинг за две особи .
Состојки зелен дел :
- 1/2 банана
- 3 киви
- 1 лажица кокосов крем
- 3 лажици чиа семе
- 1 рака спанаќ
Состојки црвен дел :
- 1/2 банана
- 3 јагоди
- 2 лажици чиа семе
- 1 лажица кокосов крем или кокосово млеко
- 100 мл . вода
Начин на подготовка:
- Состојките се блендираат и се оставаат половина час додека не се створат меурчина
- Некогаш е убаво и од вечер да се приготви чиа семето , но и со половина час блендирано набубрува .
На здравје !

- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене

- Храна која помага за хормонален баланс

- Искуства од користењето на црвената и црна мака
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.








